Кожното одделение при Клиничката болница во Штип од вчера е со катанци на врата, затоа што минатата недела доктори од одделението присуствувале на дерматалошкиот симпозиум во Скопје каде учествувала и директорката на Клиниката за кожни болести болна од коронавирус. И штипските доктори од вчера се во домашен карантин. На домашно лекување се пуштени и хоспитализираните пациенти.
Од истите причини, под клуч е и кожната амбуланта во Здравствениот дом во Штип. Најавено е дека поради отсуството на петте доктори дерматалози, кожното одделение и амбулантата нема да работат во наредните две недели. Во меѓувреме ќе се дознаат и резултатите дали некој од штипските дерматалози е позитивен на тестот за коронавирус.
Дерматалог врши прегледи само во единствената штипска приватна ординација за кожни болести. Специјалистот по дерматалогија д-р Мите Николов вели дека тој не присуствувал на собирот . Од денеска, неговата ординација бележи зголемување бројот на пациентите.
Т. ЈОВАНОВСКИ