ЗАТВОРЕНИ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА ЗА ТОВАРЕН СООБРАЌАЈ, ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА СЕ ПРОПУШТААТ НА ЕДЕН ЧАС

    ЗАТВОРЕНИ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА ЗА ТОВАРЕН СООБРАЌАЈ, ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА СЕ ПРОПУШТААТ НА ЕДЕН ЧАСВо меѓупросторот се заглавени десетина камиони од Србија и Романија кои не биле информирани за штрајкот на грчката царина. (Фото: СДК.МК)

    Граничните премини Богородица, Меџитлија и Дојран, поради штрајкот на грчките царински служби се затворени за секаков вид товарен сообраќај од земјава кон Грција. Се пропуштаат само патнички моторни возила и тоа наизменично, на секој час по 20-тина минути.

    Претпладнево на Богородица нема гужва, а во меѓупросторот се заглавени десетина камиони од Србија и Романија кои не биле информирани за штрајкот на грчката царина.

    Затворен е и железничкиот товарен сообраќај, а утрово бил пропуштен само патничкиот воз кон Солун.
    Грчките царинарници преку својот синдикат бараат поголеми плати и подобар статус од нивната влада. Штрајкот на Богородица и Меџитлија ке трае до утре до 6 часот, а Дојран вечерва до полноќ.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира