ЗАВРШИ ПРОЛЕТНОТО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

    ЗАВРШИ ПРОЛЕТНОТО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКОБеа третирани повеќе локации, меѓу кои и течението на Вардар. (Фото: СДК.МК)

    Во Велес заврши пролетното теренско третирање од земја против ларви од комарци. Се изврши на територија од седум хектари покрај вода и водни површини кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.

    „Третманот се изврши со биолошки ларвицид за комарци во вид на гранули, кој се наоѓа на листата на биоцидни производи и се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“, соопштија од Општина Велес.

    Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести и е предвидено во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2024 година. Беа третирани локации во Велешко како крајбрежјето на езерото Младост, езерото Јарбош, Градски парк, Градски стадион, Младински парк, течението на Вардар, реонот на Дервенскиот поток и градските фонтани.

    Согласно програмата, се врши и есенско ларвицидно теренско третирање од земја против ларви од комарци. Општина Велес е една  од осумтте во земјава која врши две третирања против комарци, и од воздух и по земја. Кон крајот на овој месец ќе следуваат и авионските прскања.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира