ЗАВРШУВА СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА, А НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ 10 ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ, ПРОТЕСТИРААТ ЧЕТИРИЕСЕТИНА РАБОТНИЦИ НА НЕКОГАШНАТА ПЕЧАТНИЦА „НАПРЕДОК“ ОД ТЕТОВО

    ЗАВРШУВА СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА, А НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ 10 ЗАОСТАНАТИ ПЛАТИ, ПРОТЕСТИРААТ ЧЕТИРИЕСЕТИНА РАБОТНИЦИ НА НЕКОГАШНАТА ПЕЧАТНИЦА „НАПРЕДОК“ ОД ТЕТОВОЧетириесетина долгогодишни работници на печатницата „Напредок“ и натаму се без работа и во исклучително тешка состојба. (Фото: СДК.МК)

    Откако под сомнителни околности тетовската печатница „Напредок“ беше преземена од друга фирма и минатата година отиде во стечај, голготата на нејзините работници никако да заврши. Наредниот месец завршува стечајната постапка, а работниците најверојатно ќе останат без исплатени 10 плати кои им ги должи фирмата која ја презеде печатницата.

    Дел од нив успеале да се вработат во други фирми но, четириесетина долгогодишни работници на печатницата „Напредок“ и натаму се без работа и во исклучително тешка состојба.

    „Стечајниот рок завршува наредниот месец, а ние најверојатно остануваме без пари. Ние немаме никаков контакт со стечајната управителка. Сме праќале пораки до неа, но таа воопшто не комуницира со нас. Сме биле присутни на рочиштата за стечајната постапка но и тие постојано се откажуваа, де некој бил болен, де некој не дошол и така. Нас никој нè не праша како ни е. Ги молиме институциите да преземат мерки зошто повеќе не можеме да молчиме и ќе преземеме поригорозни мерки. Зарем вака нашите животи не се загрозени“, вели Живка Димовска, работничка во стечај.

    Ваквата тешка и неизвесна состојба на овие работници трае веќе 14 месеци. Сега дел од управната зграда на некогашната печатница „Напредок“ веќе е издаде под наем на една трговска фирма која тука отвори голем супермаркет, но и покрај тоа за овие четириесетина работници нема пари да им се исплатат заостанатите плати.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира