ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ИНСПЕКТОРИ МЕЃУ 24-ЦАТА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВО И ЛИПКОВО

    ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ИНСПЕКТОРИ МЕЃУ 24-ЦАТА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО КУМАНОВО И ЛИПКОВОИнфективното одделение во Кумановската болница (Фото: СДК.МК)

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 24 новозаболени од коронавирус. Од нив 15 се во Куманово и 9 во Липково.

    „Меѓу новозаболените имаме здравствени работници и вработени во државни институции. Три медицински сестри и еден вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопје, четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор. Новите случаи во липковско се главно од познати кластери. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита коишто ги препорачува Владата “, велат од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Во Липковско новозаболените се од селата: Слупчане-2, Липково-2, Матејче-2, Лојане и Ваксинце по еден. Во Куманово има 46 активни случаи со коронавирус, во Липково 156 и еден во Старо Нагоричане.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира