ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД КУМАНОВО ДОНИРАА КРВНА ПЛАЗМА ЗА ЛЕКУВАЊЕ БОЛНИ ОД КРОНАВИРУС

    ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД КУМАНОВО ДОНИРАА КРВНА ПЛАЗМА ЗА ЛЕКУВАЊЕ БОЛНИ ОД КРОНАВИРУСДокторката Мирјана Србиновска, медицинската сестра Јадранка Ташевска и медицинскиот техничар Исмаил Алили, во Институтот за трансфузиона медицина донираа конвалесцентна плазма, која е најефикасниот лек против коронавирусот. (Фото: СДК.МК)

    Тројца здравствени работници во Општата болница во Куманово кои прележаа ковид-19, вчера даруваа крвна плазма за лекување на заболените од коронавирус во земјата. Докторката Мирјана Србиновска, медицинската сестра Јадранка Ташевска и медицинскиот техничар Исмаил Алили, вчера во Институтот за трансфузиона медицина донираа конвалесцентна плазма, која е најефикасниот лек против коронавирусот.

    Тие велат дека најдобро знааат како пациенти и како професионалци со што се соочуваат болните и нивните колеги во борбата со коронавирусот, па затоа сакаат да дадат свој придонес во спасување на нечиј живот. Бидејќи нема доволни количини крвна плазма, аплелираат до сите кои прележале ковид-19 да се приклучат во акцијата.

    Многумина се уплашени, но има и незаинтересирани, особено помладите, ги охрабрувам дека ова е единствениот начин да се оддолжиме за се` што беше направено за нас за да ја победиме болеста“, вели медицинската сестра Јадранка Ташевска. (Фото: СДК.МК)

    „Ние го имаме лекот во нас и треба да го искористиме. Антителата со текот на време ослабуваат, подобро да помогнеме на некого, ќе се чувствуваме подобро како луѓе. Апелирам до сите мои сограѓани, а ги има во голем број бидејќи Куманово беше жариште на вирусот, да го сторат истото што побрзо. Сега треба да се мобилизираме во што поголем број, затоа што црната статистика секој ден расне. Да помогнеме на заболените и на здравствениот систем. Да не заборавиме низ што поминавме и со колку неизвесност и страв чекавме дали болеста ќе прогресира или ќе оздравеме. Ние имавме среќа да преживееме, но многу деца останаа без родители и своите најблиски, многу семејства изгубија по неколку членови, затоа треба да се освестиме и да помогнеме без размислување. Многумина се уплашени, но има и незаинтересирани, особено помладите, ги охрабрувам дека ова е единствениот начин да се оддолжиме за се` што беше направено за нас за да ја победиме болеста“, вели Ташевска.

    Таа додава дека постапката за донираење крвна плазма е многу едноставна. Исто како кога се дарува крв. Дарителите немаат никави трошоци за одење и враќање на Институтот за трансфузиологија во Скопје. Само треба да се пријават на Одделот за трансфузиологија во Куманово, каде им прават анализа на крвта, и ако испитувањата покажат дека може да станат донатори, праќаат кола по нив и откако ќе се заврши постапката ги враќаат во Куманово.

    Минатата недела крвна плазна даруваше и докторот во приватна здравствена ординација во Мирослав Бошковски.

    Под мотото „Дарувај плазма, спаси живот“, од Институтот за трансфузиологија во Скопје ги повикуваат сите граѓани кои го прележале вирусот да бидат донатори.

    „Постапка за дарување плазма се вика плазмафереза и се изведува со високософистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува наведените критериуми. Да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од ковид-19, два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус, машките дарители или женските кои не раѓале или се негативни на HLA антитела. Ќе биде земен примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализичаки антитела Anti-SARS-CoV-2“, стои на сајтот на институтот каде што е објавен Формулар за донор на ковид-19 ковалесцентна плазма.

    Повеќе информации се достапни на телефонски број 078/488-459 или на е-пошта: [email protected]

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира