ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НОРМАЛИЗИРАН ПО СЕДУМЧАСОВЕН ЗАСТОЈ ПОРАДИ ЗАПАЛЕНА ЛОКОМОТИВА

    ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НОРМАЛИЗИРАН ПО СЕДУМЧАСОВЕН ЗАСТОЈ ПОРАДИ ЗАПАЛЕНА ЛОКОМОТИВАПожарот се случи на делницата Велес-железничка станица Рајко Жинзифов (Фото: ЦУК)

    Застојот на железничкиот сообраќај во Македонија порази заплена локомотива траеше седум часа. Според Центарот за управување со кризи, сообраќајот бил нормализиран во 22 часот, кога трите патнички воза кои биле сопрени на железничките станица Велес и Зелениково тргнале кон крајната цел.

    Пожарот на електричната локомотива бил забележан околу 14:40 часот на товарниот воз кој од Солун сообраќал за Белград. Се случи на делницата Велес-железничка станица Рајко Жинзифов, непосредно пред влезот во неа. Токму на оваа делница, поради лошиот квалитет на пругата, веќе два месеца возовите сообраќаат со брзина од 20 км/ч, што можеби било одлучувачко машиновозачот да сопре и да ја откачи локомотивата од вагоните.

    „Машиновозачот ја откачил локомотивата во моментите кога огнот пламнал. Поради непристапноста за гаснење со противпожарно возило, таа била гасена со противпожарни апарати“, соопштија од ЦУК.

    Пожарот го гаснеле машиновозачот и помошникот оти на железничката станица Рајко Жинзифов со години нема персонал. Противпожaрниот воз на Македонски железници, кој треба да интервенира во вакви случаи, и натаму не е во функција.

    Поради пожарот, најмногу чекале патниците од возот Скопје-Гевгелија, скоро четири и пол часа. Сопрени беа и патничките возови Скопје-Битола, кој тргнува во 20:05 часот и Гевгелија-Скопје, кој во Велес бил околу 18:40 часот.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира