ЖЕРНОВСКИ ПОБАРА АСИСТЕНЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈА ЗА УРИВАЊЕ НА МИСТЕРИОЗНАТА ДИВOГРАДБА ВО ЦЕНТАР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЖЕРНОВСКИ ПОБАРА АСИСТЕНЦИЈА ОД ПОЛИЦИЈА ЗА УРИВАЊЕ НА МИСТЕРИОЗНАТА ДИВOГРАДБА ВО ЦЕНТАР

    Општина Центар извести дека градоначалникот Андреј Жерновски го потпишал барањето до МВР за давање помош за реализирање на решение за отстранување на дивоградба на аголот на улиците Самоилова и булеварот Никола Карев. Барањето за јавна набавка и договорот со фирма која ќе ја урива дивоградбата се веќе завршени, велат од Општината.

    „За отстранување на дивата градба сега се чека одлуката и одобрението на МВР за асистенција, кои имаат 5 работни дена за изјаснување“, велат од Општина Центар.

    Дивоградбата на аголот на булеварот Никола Карев и улицата Самоилова, која Општина Центар пред два месеци ја стопираше, сега е веќе зграда. Инспекторите од Центар утврдија дека објектот е дивоградба во период кога тој сѐ уште не беше издигнат над земја. На терен тогаш излегле и инспектори од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и заеднички констатирале дека се работи за дивоградба на непознат сторител. Општината изготви решение за стопирање на градбата и му наложи на непознатиот сторител да ја отстрани градбата, но два месеци подоцна градбата не само што не е отстранета туку е и порасната.

    Заедно со уривањето градоначалникот на Центар најави дека ќе се преземат и мерки оти не го почитувал првото решение за стопирање на градбата и како што вели градоначалникот Жерновски, само еден ден откако инспекцијата го запечатила градилиштето, тој ја искинал лентата и продолжил со градење.

    „Не знаеме кој стои зад оваа градба и кој го охрабрува инвеститорот да гради. Кај нас тој се води сѐ уште како непознат сторител кој повеќекратно ги прекршува законите“, рече градоначалникот Жерновски на последната седница на Советот на Општина Центар.

    Од Центар уверуваат дека внимателно ја следат состојбата на терен и дека нема да дозволат дивоградби на територија на општината.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира