ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО РАДИШАНИ ЈА БЛОКИРААТ ГЛАВНАТА УЛИЦА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СМИЛЕВСКИ ИМ ВЕТИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА

    ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО РАДИШАНИ ЈА БЛОКИРААТ ГЛАВНАТА УЛИЦА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СМИЛЕВСКИ ИМ ВЕТИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТАРодителите побараа да се постават легнати полицајци пред школото, со што возачите ќе бидат принудени да ја намалат брзината на движење, како и да се дислоцира автобуската станица на линијата 57. (Фото: СДК.МК)

    Родителите на децата од основното училиште „Ацо Шопов“ од скопската населба Радишани, половина час ја бликираа улицата Радишанска, барајќи итни мерки за поголема безбедност на учениците. Протестот следува откако на 5 септември, на пешачкиот премин пред училиштето моторџија прегази деветгодишно дете.

    Родителите побараа да се постават легнати полицајци пред школото, со што возачите ќе бидат принудени да ја намалат брзината на движење, како и да се дислоцира автобуската станица на линијата 57.

    На протестот дојде и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, кој им вети на граѓаните решавање на проблемот и исполнување на нивните барања.

    „Протестот сега засега е ставен во мирување, бидејќи градоначалникот ни вети дека во рок од една недела ќе бидат преземени соодветни мерки за зголемување на безбедноста на децата. Ни беше кажано дека ќе се пoстaват легнати пoлицaјци, стoлпчињa пo дoлжинa нa училиштетo oд двете стрaни нa улицaта, ќе биде дислоцирана aвтoбускaтa стaницa, како и пoстaвувaње сooбрaќaец, кoј ќе пoмaгa вo регулирaње нa сooбрaќaјoт и пoминувaње нa улицaтa oд децата пред сaмoтo училиште“, велат родителите кои го организираа протестот.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира