ЗК „ПЕЛАГОНИЈА” В ПЕТОК ЌЕ ПРОТЕСТИРА АКО ДО ЧЕТВРТОК НЕ ДОБИЈАТ ПЛАТИ

    ЗК „ПЕЛАГОНИЈА” В ПЕТОК ЌЕ ПРОТЕСТИРА АКО ДО ЧЕТВРТОК НЕ ДОБИЈАТ ПЛАТИМенаџментот на „Пелагонија“ претходно ветил дека заостанатите плати ќе бидат исплатени до 15 јануари, но тоа не било испочитувано (Фото: СДК.МК)

    Доколку до четврток земјоделскиот комбинат „Пелагонија” не им ги исплати половина од ноемвриската плата и декемвриската, вработените в петок ќе излезат на мирен протест.

    Во писменото известување од синдикатот, испратено до Управниот одбор на ЗК „Пелагонија”, стои дека ветувањата од менаџментот биле дека платите ќе се исплатат до 15 јануари. Но, бидејќи ова не се реализираше, им се дава рок до 31 јануари. Во спротивно, од синдикатот соопштуваат дека в петок, од 9 часот, ќе престанат со извршување на работните задачи и ќе преминат во мирен протест.

    Протестот ќе се одржи во централната механичарска работилница. Известувањето е потпишано од Драган Китановски од Синдикалната организација во ЗК „Пелагонија”. Во известувањето пишува дека краварските фарми, фабриката за добиточна храна, биогасната електрана и секаде кадешто производствениот процес не трпи застој, работните обврски ќе се одвиваат континуирано.

    Вработените на 14 декември излегоа на мирен протест, бидејќи им доцнеа две плати. До вечерта, од компанијата им беше исплатен дел од средствата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира