ЗЛАТКО ЌУРЧИЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛА

    ЗЛАТКО ЌУРЧИЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА РЕК БИТОЛАЌурчиевски е вработен во комбинатот повеќе од 20 години (Фото: СДК.МК)

    Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за нов директор на РЕК Битола. Тој досега беше директор за производство во компанијата.

    Ќурчиевски доаѓа на местото на Васко Ковачевски, кој стана прв човек на Електрани на Северна Македонија.

    Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, кадешто досега извршувал повеќе одговорни функции. Тој е и претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира