ЗЛАТНИОТ МНТ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА ПО 4 ГОДИНИ ДОБИ БИФЕ ЗА ГЛУМЦИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗЛАТНИОТ МНТ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА ПО 4 ГОДИНИ ДОБИ БИФЕ ЗА ГЛУМЦИТЕ

    Глумците од Македонскиот народен театар неделава се пресреќни зашто конечно добија бифе, кое е од интерен карактер зашто е на вториот кат од зградата. По 4 години од пуштањето, објектот кој има 7.200 квадратни метри и музејска поставка, одвои место за одмор на актерите.

    „Бифето го отворивме на 14 февруари, симболично за Св.Трифун или Св. Валентин. Глумците сега имаат место каде да се соберат после претстава, пред претстава, а дозволено е во бифето да влезат и надворешни гости, но само доколку се во придружба на некој вработен. Тоа е на вториот кат и во него се влегува од административниот влез па не можеме да дозволиме пристапот за гости да биде слободен. Името на бифето е ’Бифеум’“, изјавија од Театарот.

    Како што велат вработените, со него ќе стопанисува самиот театар и можеби ќе биде договорено тие да ги опслужуваат и гостите во фоајето на паузите од претставите на МНТ.

    Јавноста во изминативе 4 години често се жалеше на недостигот од бифе во МНТ, а имало и настани на кои публиката немала ниту каде вода да се напие. Глумците и вработените досега за кафе, чај, сок се снаоѓаа сами и од кафемат апарати низ објектот, а некои и сами си подготвуваа освежување во убавите гримиорни.

    Македонскиот народен театар почна да се гради во 2008, и со многу договори и анкес-договори, како што тогаш објаснуваа од Министерството за култура, поради сложеноста на објектот, градбата се раздолжи и објектот беше пуштен во употреба во септември, 2013. И после првата премиера, следеа уште анекс-договори, и на новинарски прашања тогаш министерката за култура Елизабета Канченска-Милевска кажуваше оти е сѐ според законите, никогаш не откривајќи ја крајната цена на чинење на МНТ.

    Според медиумите истражувачки стории, кои ги цитираа документите на Бирото за јавни набавки достапни за јавноста, МНТ достигнал сума од речиси 40 милиони евра, а почна со најава дека ќе чини 6 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира