ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА УШТЕ НЕМА НОВ ДИРЕКТОР, РАЗРЕШЕНИОТ ЗА КОЛЕЊЕ КОЊИ СТАМЕНОВ И ПОНАТАМУ ДИРЕКТОРУВА

    ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА УШТЕ НЕМА НОВ ДИРЕКТОР, РАЗРЕШЕНИОТ ЗА КОЛЕЊЕ КОЊИ СТАМЕНОВ И ПОНАТАМУ ДИРЕКТОРУВАОд Град Скопје велат дека Стаменов е разрешен, а нов директор ќе биде назначен кога ќе за завршат потребни процедури за негово именување. (Фото: СДК.МК)

    Во скопската Зоолошка градина се` уште нема назначено нов директор, а разрешениот Христијан Стаменов, како што велат вработените, и понатаму директорува. Градоначалничката Данела Арсовска на 14 јули го разреши Стаменов, откако во медиумите објавија дека тој во градината заклал 10 коњи иако немал дозвола за тоа. Оттогаш поминаа 20 дена, а нов директор на Зоолошката нема.

    Зоо негувателите во градината велат дека Стаменов наместо да одговара за делото што го направи тој и понатаму директорува. Секој ден дава задачи и наредби на вработените и седи во директорската канцеларија.

    САКАМДАКАЖАМ.МК го праша разрешениот директор Стаменов зошто уште седи во директорската канцеларија и дели задачи на вработени. Ни рече сите прашања да ги поставуваме во Град Скопје и од таму да бараме одговори.

    Од Град Скопје пак велат дека Стаменов е разрешен, а нов директор ќе биде назначен кога ќе за завршат потребни процедури за негово именување. На нашето прашање зошто тоа не е сторено досега, со оглед дека поминаа 3 недели од разрешување на Стаменов, не добивме одговор.

    По колењето на коњите во градината Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против директорот Стаменов и уште 5 лица вработени во градината поради колење коњи.

    При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија лицата биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина односно во кујна за подготвување храна за животните, како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина“, рекоа на 15 јули од Министерството.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира