150 ИСТРЕНИРАНИ РУСКИ ХУЛИГАНИ ДОШЛЕ ВО МАРСЕЈ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА АНГЛИЧАНИТЕ СЕ „ДЕВОЈЧИЊА“

    150 ИСТРЕНИРАНИ РУСКИ ХУЛИГАНИ ДОШЛЕ ВО МАРСЕЈ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА АНГЛИЧАНИТЕ СЕ „ДЕВОЈЧИЊА“

    Два дена по тепачките во Марсеј помеѓу англиските и руските навивачи, јавноста се уште е шокирана од насилството на стартот од Европското првенство во Франција.
    Еден од руските навивачи, кој учествувал во инцидентите, ги нарече Англичаните „девојчиња“ во интервју за АФП. Владимир, кој е женет со две деца и работи во Москва како менаџер за односи со јавноста, веќе си заминал од Франција и вели дека не му е гајле што УЕФА отвори случај за однесувањето на руските навивачи и се закани дека ќе ја исклучи руската репрезентација од Европското првенство.
    „Англичаните секогаш велат дека се главни фудбалски хулигани. Ние отидовме да покажеме дека Англичаните се девојчиња. Навивачите или хулиганите од Русија се претежено помлади, на возраст помеѓу 20 и 30 години и многумина од нив се спортисти. Обично тренираат спортови како бокс и други боречки вештини. Нашата цел беше да дојдеме и да покажеме дека англиските навивачи не се хулигани и дека не знаат да се тепаат. Ова е како спорт за многу од руските навивачи. Немаат намера да повредат или да убијат некого, само желба да си ја покажат силата. Дури имав чувство дека на француската полиција и беше интересно да гледа како Русите ги тепаат Англичаните. Интервенираа во последен момент “, откри Владимир во интервјуто.
    Во меѓувреме, француското обвинителство денеска соопшти дека зад тепачките во Марсеј стојат 150 добро организирани руски хулигани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари