Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го предизвика гневот на јавноста на крајот од минатонеделниот натпревар на Европското првенство во Франција против Исланд (1:1), кога изгледаше дека го одби барањето на Арон Гунарсон да си ги заменат дресовите.
Подоцна, самиот Гунарсон откри дека Роналдо му дал инструкции да се сретнат во тунелот што води до соблекувалните за да си разменат сувенири од мечот далеку од камерите. Сепак, тоа не се случи и исландскиот фудбалер остана со празни раце.
За среќа, неколку дена подоцна, неговите соиграчи од националниот тим, Алфред Финбогасон и Гилфи Сигурдсон, решија да му ја исполнат желбата на Гунарсон да има дрес од Роналдо и му најдоа адекватна замена, иако се пошегуваа дека се работи за фалсификат.