МИСТЕРИОЗНА БРИНЕТА ГО ТЕШЕШЕ ДЕЛЕ АЛИ ПО ПОРАЗОТ ОД ИСЛАНД

    МИСТЕРИОЗНА БРИНЕТА ГО ТЕШЕШЕ ДЕЛЕ АЛИ ПО ПОРАЗОТ ОД ИСЛАНД

    По срамната елиминација од Исланд на Европското првенство во Франција, англискиот фудбалер Деле Али доби утеха од прекрасна бринета.

    Англиските медиуми се прашуваат која е девојката

    Англиските медиуми се прашуваат која е новата девојка на ѕвездата на Тотенхем

    20-годишникот отиде до трибината по крајот на натпреварот во Ница и доби бакнеж од мистериозната убавица, која е веројатно најзгодна од сите досегашни девојки и сопруги на англиските фудбалери.
    Таа изгледаше неверојатно, облечена и нашминкана како за ноќно излегување, за разлика од другите партнерки на англиските фудбалери, вклучувајќи ги сопругата на капитенот Вејн Руни Колин и сопругата на голманот Џои Харт Кимберли Кру, кои беа облечени секојдневно.
    Ѕвездата на Тотенхем годинава беше забележан во друштво на мистериозната девојка само во два-три наврати и англиските медиуми се уште го немаат откриено нејзиниот идентитет.
    Англија испадна од Европското првенство во Франција по синоќешниот пораз од Исланд со 2:1 во осминафиналето. Англиските навивачи првин се израдуваа, бидејќи нивниот тим поведе со голот на Руни, но потоа едвај се созедоа, откако Исланд постигна два гола. Англискиот селектор Рој Хоџсон веднаш по натпреварот поднесе оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари