НАВИВАЧ ПРОШВЕРЦУВАЛ ФАКЕЛ СКРИЕН ВО ЗАДНИКОТ

    НАВИВАЧ ПРОШВЕРЦУВАЛ ФАКЕЛ СКРИЕН ВО ЗАДНИКОТ

    Француски фудбалски навивач се соочува со судско гонење, откако скрил факел во задникот и потоа се изгорел себеси и уште други двајца навивачи за време на натпреварот Франција-Албанија на Европското првенство.
    Факелите се строго забранети на сите стадиони и собирања за време на првенството во Франција, но 18-годишникот успеал да го прошверцува низ неколку безбедносни проверки и да влезе во фан зоната во Ница. Тој потоа го извадил факелот со димензии 18 на 4 сантиметри од задникот и го запалил за време на победата на Франција од 2:0.
    „Навивачот успеал да се изгори себеси и уште други двајца навивачи“, кажа јавниот обвинител Жан-Мишел Претре.
    Навивачот, кој не е именуван, утре ќе се појави пред судот во Ница и ќе му биде судено по брза постапка.
    По терористичките напади минатата година во Париз, во кои многумина загинаа во самоубиствени бомбашки напади, на Европското првенство се забранети пиротехнички направи на натпреварите и во фан зоните. Сепак, на неколку натпревари беа запалени факели на трибините.
    „Безбедносните кордони околу сите стадиони се наменети да се откријат предмети како ножеви, шишиња и факели, но претресите не предвидуваат скенирање на задниците“, велат од француската полиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари