НУРКАЧИ ГО ИЗВАДИЈА МИКРОФОНОТ ФРЛЕН ВО ЕЗЕРО ОД НЕРВОЗНИОТ РОНАЛДО

    НУРКАЧИ ГО ИЗВАДИЈА МИКРОФОНОТ ФРЛЕН ВО ЕЗЕРО ОД НЕРВОЗНИОТ РОНАЛДО

    Португалската телевизија ЦМТВ со помош на двајца нуркачи успеа да го извади микрофонот од дното на езерото во Лион, откако фудбалерот Кристијано Роналдо го фрли таму пред десетина дена и сега ќе го стави аукција за хумантирни цели.

    Ѕвездата на Реал Мадрид реагираше нервозно на прашањето на новинарот на ЦМТВ  пред натпреварот против Унгарија во фазата на групи на Европското првенство во Франција и му го фрли микрофонот во езеро додека со соиграчите од португалската репрезентација беше на прошетка близу хотелот во Лион.

    ЦМТВ соопшти дека парите собрани од продажбата на микрофонот ќе бидат донирани за да им се помогне на децата со телесен инвалидитет во Фунчал, родниот град на славниот португалски фудбалер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира