ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ КАВГИ, ПЕЛЕ И МАРАДОНА СЕ СМИРИЈА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ КАВГИ, ПЕЛЕ И МАРАДОНА СЕ СМИРИЈА ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    Во предвечерјето на Европското првенство во Франција, двајцата најдобри фудбалери на сите времиња ги оставија разликите зад себе и учествуваа на егзибициски натпревар во Париз.
    Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Марадона со децении беа во лоши односи и не сакаа да се видат, но денеска се смирија, па и се прегрнаа за време на мечот во мал фудбал. 75-годишниот Бразилец и 55-годишниот Аргентинец беа тренери на двата тима, составени од поранешни ѕвезди, како Рио Фердинанд, Кларенс Сидорф, Фернандо Јеро и Фабио Канаваро.
    „Сакам да му се заблагодарам на Пепе, сите знаеме кој е и кој ќе биде секогаш. Потребни ни се икони како него“, кажа Марадона.
    Пеле, трикратен светски првак, исто така, даде помирлива изјава.
    „Најважно е да испратиме порака за мир. Му благодарам на Марадона за оваа можност и сите играчи кои беа тука денеска заслужуваат голем аплауз“, одговори Пеле.

    Двете фудбалски легенди се во лоши односи уште од изборот на ФИФА за најдобар играч за 20. век, кога Марадона победи во анкетата на посетителите на сајтот на ФИФА, но Светската фудбалска организација го отфрли гласањето и го прогласи Пеле за победник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари