РАЗОЧАРАН НАВИВАЧ СОБИРА ДОНАЦИИ ДА ГО ВРАТИ СТЕРЛИНГ ДОМА

    РАЗОЧАРАН НАВИВАЧ СОБИРА ДОНАЦИИ ДА ГО ВРАТИ СТЕРЛИНГ ДОМА

    Настапите на англискиот фудбалер Рахим Стерлинг на Европското првенство во Франција беа критикувани од многумина, но на еден навивач му дојдоа преку глава.

    Англичанецот Арон Бамфорд не само што бара крилото на Манчестер сити да не биде дел од тимот за следниот натпревар на Англија, против Словачка в понеделник, туку сака 21-годишникот да биде отстранет од репрезентацијата.
    Затоа, Бамфорд отвори страница на сајт за собирање донации за да собере пари да се покријат трошоците за враќањето на Стерлинг во Британија.

    „Да бидеме искрени, преку глава ни е да го гледаме овој идиот како се мачи на крилјата позиција. Не успеа да нафрли во шеснаесетникот ниту половина топка”, напиша страсниот навивач во обид да собере 200 фунти, колку што би чинело патувањето од Франција до Англија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари