Кристијано Роналдо не може да одмори од обожавателки ниту на тренинзите со националниот тим на Европското првенство во Франција.
Бројните фанови го следат португалскиот фудбалер секаде кадешто ќе се појави, како што беше случај и на тренингот во кампот на португалската репрезентација во Маркусис, близу Париз. Со соиграчот Рикардо Кварезма првин флертуваа со девојките на трибините и се шегуваа дали да им земат броеви, а потоа и доби бакнеж од една од обожавателките.