СЕЛФИТО НА РОНАЛДО СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ПОРТУГАЛИЈА

    СЕЛФИТО НА РОНАЛДО СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ПОРТУГАЛИЈА

    Португалскиот навивач кој синоќа влезе на теренот на „Паркот на принцовите“ за да направи селфи со Кристијано Роналдо скапо ќе ја чини Португалската фудбалската федерација, соопшти УЕФА.
    УЕФА денеска отвори дисциплински случај против Португалската фудбалска федерација за „навивачка инвазија на теренот“ и, според правилата, ќе изрече висока парична казна. За секој прекршок што ќе го направат навивачите на стадионите, УЕФА ги казнува нивните национални федерации.
    По завршувањето на вчерашниот натпревар на Европското првенство во Франција помеѓу Португалија и Австрија (0:0) во Париз, навивачот претрча половина терен и кога стигна до Роналдо, португалскиот фудбалер им сигнализираше на редарите да се повлечат додека двајцата да направат селфи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира