Производителот на дресовите на швајцарската репрезентација „Пума” соопшти дека истражува како се искинаа седум дресови за време на вчерашниот меч против Франција на Европското првенство во фудбал, а швајцарската ѕвезда Џердан Шаќири искоментира: „Се надевам дека ‘Пума’ не произведува кондоми”.
Џака двапати мораше да го менува дресот, додека Бехрами, Мехмеди, Шар, Емболо и Џемаили, исто така, мораа да се пресоблекуваат, откако им се искинаа дресовите за време на ремито без голови против домаќинот.
Германскиот весник „Билд” објави дека швајцарските фудбалери носеле екстра тенки дресови за стимулирање микромасажа на кожата за подобра циркулацијата на крвта.