ШЕСТ АНГЛИСКИ НАВИВАЧИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА И ГОТВАЧ, ДОБИЈА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ

    ШЕСТ АНГЛИСКИ НАВИВАЧИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА И ГОТВАЧ, ДОБИЈА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ

    Шестмина англиски навивачи, меѓу кои и медицинска сестра, готвач и инженер, вчера добија неколкумесечни затворски казни во Франција за насилство во пијана состојба на Европското првенство во фудбал.
    Осудените лица фрлале со шишиња по полицијата пред натпреварот Англија-Русија во Марсеј во саботата. Уапсен беше и еден 16-годишник, но тој веднаш беше предаден на француските социјални служби и му забрането понатамошно присуство на натпреварите.
    Повеќе од 35 луѓе беа повредени во тепачките во саботата во Марсеј помеѓу англиските и руските навивачи. Француското обвинителство соопшти дека двајца руски државјани биле протерани од земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари