СИНОТ НОА И ХРВАТСКИОТ ТРЕНЕР БИЛИЌ СЕ НАЈГОЛЕМИ ФАНОВИ НА ПАЈЕ

    СИНОТ НОА И ХРВАТСКИОТ ТРЕНЕР БИЛИЌ СЕ НАЈГОЛЕМИ ФАНОВИ НА ПАЈЕ

    Францускиот фудбалер Димитри Паје засега е најголема ѕвезда на Европското првенство во Франција, откако постигна два важни гола против Романија и Албанија, а најголема поддршка има од својот син Ноа на трибините и од хрватскиот тренер Славен Билиќ во студиото на британската телевизија „Ај-Ти-Ви“.
    Синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Албанија на „Велодром“ во Марсеј беше тежок за следење за француските навивачи, бидејќи Албанците одиграа одлично и се до последните минути не им дозволија на Французите да постигнат гол. Во самиот финиш, првин Антоан Гризман успеа да го совлада албанскиот голман, а веднаш потоа и Паје ја затресе мрежата за победа на домашниот тим од 2:0 и пласман во нокаут-фазата на првенството.
    Голот на Паје го израдува малиот Ноа, кој е постојано на трибините со мајка си Лудивин, но и Хрватот Билиќ, кој му е тренер на 29-годишниот Французин во Вест Хем. За време на преносот, Билиќ, кој е стручен коментатор на „Ај-Ти-Ви“ од радост скокна на масата да го прослави голот на Паје, шокирајќи ја битанската јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари