ТАТКО МИ Е ВО ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА МОЈАТА МАЌЕА, ОТКРИ ХЕРОЈОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ЕДЕР

    ТАТКО МИ Е ВО ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА МОЈАТА МАЌЕА, ОТКРИ ХЕРОЈОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ЕДЕР

    Португалскиот фудбалер Едер, кој го постигна победоносниот гол во финалето на Европското првенство во Франција, откри дека неговиот татко е во затвор за убиство на неговата маќеа.

    Едер влезе во игра од клупата за резерви во неделата во Париз и постигна гол во продолженијата за победа на Португалија од 1:0 над домаќинот Франција за прва титула на Португалците на големите фудбалски натпреварувања.

    Напаѓачот на Лил, кој не беше многу познат во јавноста претходно, оттогаш е во центарот на вниманието во татковината и вчера во интервју за една локална телевизија ја откри неговата тажна животна приказна.

    „Татко ми е во затвор, таму е од кога имав 12 години. Мојата маќеа умре и тој беше обвинет дека ја убил. Од моментот кога отидов во Академика и почнав да заработувам пари, можев да одам во Англија да го посетувам во затворот. Секој пат кога имав слободни денови, јас одев во Англија да го видам“, раскажа Едер.

    28-годишникот во моментов настапува за францускиот тим Лил, а претходно играше за велшкиот тим Свонси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира