УЕФА ПОТРОШИ 650 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО, А ПРИХОДОТ ИЗНЕСУВА 1,93 МИЛИЈАРДИ

    УЕФА ПОТРОШИ 650 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО, А ПРИХОДОТ ИЗНЕСУВА 1,93 МИЛИЈАРДИ

    Проширениот формат на Европското првенство во фудбал и се исплатеше на УЕФА, која очекува рекорден профит од 830 милиони евра од турнирот во Франција.
    УЕФА вчера објави дека вкупниот приход ќе изнесува 1,93 милијарди евра, што е за 34 отсто повеќе од минатото Европско првенство во Полска и Украина, кога имаше 20 натпревари помалку, поради помалиот број учесници. Во Франција за првпат имаше 24 репрезентации и 51 натпревар, а претходно на завршницата учествуваа 16 национални тимови. Пред четири години, профитот беше 593,7 милиони евра
    УЕФА потроши 650 милиони евра на организација на настанот, 301 милион ќе подели како награди за репрезентациите и 150 милиони ќе добијат клубовите, коишто ги ослободиле фудбалерите за настап на Европското првенство во Франција.
    Од профитот, 230 милиони евра ќе бидат зачувани за покривање на тековните трошоци на УЕФА во наредните четири години, а останатите 600 милиони ќе им бидат поделени на 55-те национални федерации за развојни проекти.
    Најголем дел од приходите на УЕФА од Европското првенство дојдоа од продажбата на ТВ правата, и тоа нешто над една милијарда евра, потоа од спонзорски договори вредни 480 милиони и продажбата на билети донесе 400 милиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира