ВАРДИ СЕ ДОПИНГУВА СО ТУТУН И КОФЕИН

    ВАРДИ СЕ ДОПИНГУВА СО ТУТУН И КОФЕИН

    Откако пред неколку дена се појави фотографија од Џејми Варди со лименка „Ред Бул“ и кутија тутун за џвакање во рацете, не е чудно што англискиот фудбалер постојано беше на штрек за време на вчерашниот меч против Велс на Европското првенство во Франција.

    vardi-red-bul

    Кофеинот и никотинот се дел од неговиот режим на исхрана

    Напаѓачот на Лестер беше стрелец на израмнувачкиот гол во победата од 2:1 во Ленс, само 11 минути по влегувањето во игра од клупата за резерви, докажувајќи дека коктелот од никотин и кофеин функционира.
    Кофеинот, којшто е една од главните состојки во енергетскиот пијалок, и никотинот не се забранети стимуланси, но Светската антидопинг агенција препорачува нивната употреба да биде следена за време на големи натпреварувања, како што е Европското првенство. Технички, Варди нема прекршено ниедно правило, а и селекторот Рој Хоџсон е свесен дека Варди, кој е поранешен пушач, користи кофеин и никотин како дел од режимот на исхрана.
    Неговиот драматичен погодок против Велс, како и употребата на кофеин и никотин, се дополнителен материјал за холивудските сценаристи за филмот за Варди, којшто треба да излезе во кината следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари