ВО ИСЛАНД РАЗМИСЛУВАААТ ЗА НОВ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК – ДЕН НА ФУДБАЛОТ

    ВО ИСЛАНД РАЗМИСЛУВАААТ ЗА НОВ НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК – ДЕН НА ФУДБАЛОТ

    Во Исланд наскоро може да почне да се слави празник Ден на фудбалот по успешниот настап на исландската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Франција.
    Меѓу поддржувачите на ваквата идеја е и исландската амбасадорка во Париз, Берлинд Асгерсдотир.
    „Имаме национален празник – Ден на републиката, којшто се прославува на 17 јуни, но уште еден празник може да се појави во јуни – национален Ден на фудбалот. Не знам дали ќе биде слободен ден, бидејќи веќе имаме многу празници во споредба со другите земји. Но, нашата влада треба да го разгледа ова прашање“, изјави амбасадорката во интервју за ТАСС.
    „Министерот за финансии и министерот за спорт се поранешни фудбалери. Братот на нашиот нов претседател е поранешен ракометар, и тоа еден од најдобрите во Европа. Неодамна, на состанокот на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), претставникот на Исланд беше во дрес на националниот тим. На таков бизнис настан, сите беа во цивилна облека, а таа во фудбалски дрес“, додаде Асгердотир, која очекува фудбалерите да бидат пречекани како херои на враќањето од Франција.
    Исланд вечерва загуби со 5:2 од домаќинот Франција во четврт-финалето на Европското првенство, откако претходно во осминафиналето ја елиминираше Англија со 2:1.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари