АКО НЕМА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ, НЕМА НИ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ОД ДИК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    АКО НЕМА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ, НЕМА НИ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ОД ДИК

    Ако до утре на полноќ, последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност – да ја констатира таквата состојбата.

    Како што велат за „Мета“ од ДИК, тоа е новонастаната состојба, која не е предвидена во Изборниот законик. Оттаму брифираат, дека доколку се реализира ова сценарио, ќе се констатира состојбата, со забелешка дека не може да се одржат избори без кандидати за пратеници, по што топката се префрла во рацете на Собранието на Република Македонија.

    Дека е можно ова сценарио, вчера потврдија и извори од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Можеби и ние нема да учествуваме на изборите, ќе се откажеме, па ќе учествува некој трет, ќе освои 10.000 гласа и изборите ќе пропаднат. Или, ако странците инсистираат на некакво неповолно решение, можеби ќе излеземе од Владата, па СДСМ нека прави малцинска влада со кого сака“, изјавиле за МЕТА неофицијални извори од вадејачката партија.

    Сепак, од ДИК велат дека вообичаено е партиите да ги достават кандидатските листи во последен миг или буквално пет минути пред полноќ.

    Засега, ВМРО-ДПМНЕ сè уште официјално стои на ставот изборите да се одржат на 5 јуни, СДСМ нема да учествува доколку изборите се одржат, а ДУИ и ДПА официјално не се изјасниле, но ако се суди според последните постапки, тие нема да достават кандидатски листи за пратеници до ДИК.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари