ДИК ГИ ЧЕКА СПИСОЦИТЕ, ЛИДЕРИТЕ КОКЕТИРААТ, ПАРТИИТЕ КАЛКУЛИРААТ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ДИК ГИ ЧЕКА СПИСОЦИТЕ, ЛИДЕРИТЕ КОКЕТИРААТ, ПАРТИИТЕ КАЛКУЛИРААТ

    Ниту една партија досега не поднела листи на членови за избирачките одбори, дознава „Мета“ од извори од Државната изборна комисија (ДИК). Рокот за поднесување листи истекува вечерва на полноќ.

    Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ има подготвено список со имиња на членови што ќе седнат во избирачките одбори и се очекува од партијата денеска да ги достави до општинските изборни комисии. Што се однесува, пак, на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, сепак, поднеле предлози за членови.

    Од СДСМ се категорични дека немаат намера да го сторат тоа затоа што нема да учествуваат на изборите.

    Во тој случај, процедурата налага членовите на избирачките одбори да се пополнат од редовите на администрацијата.

    Според Изборниот законик, двајца од вкупно пет членови се избираат од редовите на најголемите политички партии на власт и во опозиција и во зависност од етничкиот состав на избирачкото место.

    Според роковникот на ДИК, политичките партии се должни да ги достават листите за пратеници најдоцна до 11 мај.

    Изборната кампања почнува на 16 мај, а завршува на 3 јуни.

    Вчера, пак, беше последниот ден за собирање потписи за предлог на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група избирачи за изборите на 5 јуни, но до подрачните одделенија на ДИК не пристигна ниту една листа.

    Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште стојат на ставот дека избори ќе се одржат по секоја цена на 5 јуни, СДСМ тврди дека ќе ги бојкотира, а ДУИ и ДПА тактизираат и не даваат прецизен одговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари