ДО 9 МАЈ МОЖАТ ДА СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    ДО 9 МАЈ МОЖАТ ДА СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИ ПРАТЕНИЦИ

    Од вчера, до 9 мај се собираат потписи за независни листи на пратеници.

    ДИК вчера соопшти дека сите заинтересирани  граѓани кои сакаат да се кандидираат за независни пратеници за предвремените парламентарни избори на 5 јуни, можат да го симнат образецот од официјалната веб-страна на Државата изборна комисија.

    „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“, се вели во соопштението на ДИК.

    За собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората,  во Изборниот законик  се вели  „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), стои во соопштението на ДИК.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира