ГРУЕВСКИ ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА СЕ ПРЕМИСЛИ И ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ГРУЕВСКИ ГО ПОВИКА ЗАЕВ ДА СЕ ПРЕМИСЛИ И ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ НА 5 ЈУНИ

    „Доста беше! Оваа криза мора да заврши. Зад оваа криза стои немоќ, страв, деструкција, изгубена опозиција во својата безидејност. Тоа мора да запре“, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

    Тој ја повика опозицијата да учествува на избори и изрази надеж дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја промени одлуката.

    – Ова не е битка помеѓу мене и него. Ова е битка за Македонија. Очекувам Заев искрено да размисли и без разлика на неговото мислење за мене, да ја промени одлуката и да учествува на изборите на 5 јуни – рече Груевски.

    Тој рече дека на секоја власт ѝ треба силна опозиција и силен лидер, кој нема да се повлече во најчувствителните моменти за државата.

    Што се однесува на обвинувањата на СДСМ за неисполнување на Договорот од Пржино, Груевски рече дека ќе се труди тој да опстане.

    – Не е вистина дека медиумите не се регулирани. Во изборниот период се предвидени строги правила за однесувањето на медиумите и за рекламирањето во нив. Ако ВМРО-ДПМНЕ добие осум минути реклама, истото мора да го добие и СДСМ. Заплашување на избори нема и не смее да има. Секој кој ќе се осуди да заплашува, ќе биде казнет. За тоа информираше и Државниот јавен обвинител – истакна Груевски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша како е можно Заев да обвини за мешање на државата и на партијата кога генералниот секретар на СДСМ го поставил за министер за внатрешни работи.

    – Фијаско доживеаја и со лагите околу избирачкиот список. По измислените бројки од 300.000 и 500.000 фантомски луѓе, прочистувањето се сведе само на 582 лица. Свесни дека со тоа предизвикуваат негативна кампања, ние се согласивме да се проверат и сите 2 милиони гласачи во избирачкиот список. Но, членовите на СДСМ тогаш ја напуштија седницата – изјави Груевски.

    Поради тоа, во една ваква состојба, рече Груевски, кризата може да се реши само со избори.

    – Времето на конфликтност мора да заврши. Ова е слободна земја и народот одлучува кој ќе ја води. Две години сме заложници на некакви сценарија што го понижуваат народот, но тоа е само лоша процена. Тука живее горд народ. Според сите анкети што ги знаат и амбасадорите, а и лично Заев, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е два спрема еден. Тоа е причината поради која Заев не сака да оди на избори. Ние повеќе не можеме да чекаме. Државата повеќе не може да чека. Доста е поделеност. Време е да ги решиме проблемите – заклучи Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари