СЕ ОДЛОЖУВА ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

a:1:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA

    СЕ ОДЛОЖУВА ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

    Скопје, 17 март, 2016 (META)  На денешниот состанок на Државната изборна комисија, членовите на комисијата одлучиле да спроведат дополнителни тестови за вкрстување на податоците, информираат од ДИК.

    „Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите на податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките“, пишува во соопштението на ДИК.

    Од комисијата додаваат дека веднаш по завршувањето на дополнителните контролни тестови, Државната изборна комисија ќе закаже седница за усвојување на извештајот од вкрстените проверки.

    По усвојувањето на анализата, ДИК ќе треба да почне со теренска проверка на спорните гласачи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари