Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмајер, во својство и на актуелен Претседавач на ОБСЕ, побара засилени напори за исполнување на минимални услови за кредибилни избори во блиска иднина, без да го прецизира датумот 5 јуни.
„Во фокусот сега мора да бидат засилени напори за успешно исполнување на минималните, заедно договорени, предуслови за спроведување на веродостојни избори во блиска иднина“, стои во изјавата на германскиот шеф на дипломатијата.
„Одлуката на македонскиот Претседател на државата за ослободување од кривично-правно гонење на политичари и носители на функции, против кои се насочени обвиненија за драстичното неправилно однесување, им штети на правно-државните стандарди и правниот мир. Оваа одлука е во спротивност со спогодбата од Пржино, која е договорена меѓу македонските партии и ја поткопува работата на Специјалното јавно обвинителство како и неговата задача да ги истражи сите обвинувања во врска со злоупотребата на власта“, се вели во изјавата на Штајнмаер дадена во улога и на германски шеф на дипломатијата и на претседавач на ОБСЕ.