СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?

    Синот на Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА од пред две-три недели бил примен на работа во Агенцијата за цивилно воздухопловство, тврдат вработени во Агенцијата.

    Три дена Агенцијата за цивилно возухопловство го игнорира нашето прашање каков ангажман добил синот на членот на ДИК непосредно пред изборите.

    На Ибраими му испративме СМС порака со прашање „ Дали ангажманот на Вашиот син со договор на дело во Агенцијата за цивилно воздухопловство е конфликт на интереси со вашето членување во ДИК“. Трет ден Бедредин Ибраими не одговара на поставеното прашање.

    Испративме и прашање до Агенцијата за цивилно водухопловство. Ни одговорија дека директорот Горан Јандреоски е на службен пат. Преку Вибер, се обидовме два дена по ред да го контактираме и него лично со прашање на кое место е рапореден синот на членот на ДИК. И тој трет ден не одговара на нашите повици.

    Вработени во Агенцијата велат дека го виделе момчето што од пред две-три недели работи кај нив, но не  знаеја какви му се работните задачи.

    На првата расправа во Комисијата откако на Интернет излезе Избирачкиот список и се појавија многу фантомски гласачи, Бедредин Ибраими рече дека и на неговата адреса има едно непознато лице.Тој тогаш рече дека меѓу 12 Ибраими, има и еден Исмаили, кого никој од семејството на таа адреса не го познава.

    Државната изборна комисија е најважната институција од која зависи како ќе бидат организирани изборите на 5 јуни.  Членовите на Комисијата сè уште расправаат дали Избирачкиот список е прочистен за да може да се организираат веродостојни избори, како што бара и меѓународната заедница. Неофицијално, дознаваме дека поради несогласување на членовите на Комисијата се подготвува надгласување со “за” или “против” дали Избирачкиот список во оваа фаза е е доволно чист или не.

    И Бедредин Ибраими е еден од амнестираните што се појавија во списокот на Иванов.  Tој вчера рече дека нема никаква причина претседателот Ѓорге Иванов да го помилува за дело за кое никој не го гони.

    – Против мене СДСМ како партија поднесе кривична пријава за мојата одлука да гласам за поништување на гласањето на три избирачки места во општина Струмица на локалните избори. Бев повикан во Основното обвинителство, а пред два месеци и во Специјалното обвинителство и таму дадов исказ. И двете обвинителства досега не ме известиле ниту, пак, искажале интерес да ме гонат. Одлуката за мое помилување за дело кое не постои е беспредметна и бесмислена – рече Ибраими на вчерашната прес конференција по повод амнестијата од Иванов.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари