ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ НЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ХУМАН ТРЕТМАН НА БЕГАЛЦИТЕ, АЛАРМИРАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ НЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ХУМАН ТРЕТМАН НА БЕГАЛЦИТЕ, АЛАРМИРАШЕ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    Народниот правобранител како институција постојано барал од властите да им се обезбедат подобри услови за живеење на мигрантите и бегалците, бидејќи условите во двата транзитни центри Винојуг и Табановце не обезбедуваат хуман и достоинствен третман на оваа ранлива категорија луѓе.

    „Се додека немаат можност да ги уживаат своите права, почнувајќи од тоа слободно да се движат и меѓусебно да се разбираат на мајчин јазик, да им се пружа соодветна здравствена заштита и да имаат право на бранител, се уште сме далеку од тоа што би значело хуман престој на бегалците“, кажа Народниот правобранител Иџет Мемети на регионалната конференција посветена на пристапот на правото на азил за бегалците и мигрантите што се одржува во Охрид.

    Во Македонија моментално има 220 бегалци, дел од нив сместени во двата посочени центри. Но, наместо во скопскиот центар за баратели на азил, како што е предвидно, таму се и 40-те бегалци кои побарале азил, што не во ред, посочи народниот правобранител.

    „Се поставува прашањето, дали во тие транзитни центри има можност додека трае постапката за азил, тие да ги остваруваат своите права. Не може властите во Македонија да се оправдуваат со тоа дека немаме доволно сместувачки капацитети, кога само двата центри во Скопје можат да примат 300 бегалци“, додаде Мемети.

    Друг проблем со кој се соочуваат мигрантите се случаите на протерување лица без соодветна процедура и евиденција што создава дополнителни проблеми и потенцијални ризици. Мухамед Ариф од канцеларијата на УНХЦР во Скопје истакна  дека не е хумано лицата да се држат во транзитни центри по осум месеци.

    „Ако тие центри се направени за во нив бегалците да се задржуваат само неколку часа, нечовечки е со месеци да остануваат во објекти каде нема елементарни услови за живот“, вели Ариф, кој инсистира да се спроведува практика, баратели на азил да се префрлаат од Винојуг во центарот во Визбегово.

    Тој посочи и други решенија како доброволни враќање во сопствената земја, преку програма на ИОМ организацијата или постапка за реадмисија односно нивно враќање во земјата од каде што дошле, од каде што понатаму преку други програми можат да преминат во трета земја.

    На регионалната конференција посветена на пристапот на правото на азил за бегалците и мигрантите, омбудсманите заклучија дека мигрантската криза предизвикана од бегалскиот бран што ја зафати Европа во последните две години го стави на тест почитувањето на основните слободи и права на мигрантите и бегалците. Политичките и активностите што ги превземаа државите како одговор на оваа бегалска криза ја отсликаа немоќта да ја менаџираат и кординираат миграцијата. Државите за жал се уште многу често на бегалците гледаат како на потенцијални безбедносни ризици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира