500 ЕВРА Е КАЗНАТА ЗА ВОЗЕЊЕ СО ИСТЕЧЕНА ВОЗАЧКА ИЛИ НЕРЕГИСТРИРАНА КОЛА, 250 ЕВРА ЗА МИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО, КАЗНУВАЊЕТО СО КАМЕРИ ПОЧНУВА НА 1 ФЕВРУАРИ

    500 ЕВРА Е КАЗНАТА ЗА ВОЗЕЊЕ СО ИСТЕЧЕНА ВОЗАЧКА ИЛИ НЕРЕГИСТРИРАНА КОЛА, 250 ЕВРА ЗА МИНУВАЊЕ НА ЦРВЕНО, КАЗНУВАЊЕТО СО КАМЕРИ ПОЧНУВА НА 1 ФЕВРУАРИЗа непрописно запирање и паркирање казните се 25, 40, 150  и 180 евра односно зависи каде возилото е паркирано. (Фото: К. Попов)

    Најголемата казна за прекршок снимен со камерите на „Безбеден град“ е 500 евра,  казната е за учество во сообраќај со нерегистрирано возило или со истечена возачка дозвола. Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена тогаш казната е 100 евра. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објавија казните за прекршоците одсистемот со камери „Безбеден град“ кој стартува од 1 февруари, откако на 23 јануари Собранието со 81 глас „за“ ги донесе измените на Законот за прекршоци,

    • За пречекорување на брзина во населено место до 10 км/час над дозволеното казната е 15 евра, од 10 до 30 км/час 50 евра, а 300 евра плус забрана за управување со возило од три до 12 месеци ако се вози од 30 до 50 км/час над дозволеното.
    • За пречекорување на брзина надвор од населено место односно на автопат до 30 км/час над дозволеното казната е 20 евра, од 30 до 50 км/час над дозволеното е 50 евра, а од д 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното казната е 300 евра плус забрана за управување 3–12 месеци.
    • За поминување на црвено светло казната е 250 евра плус забрана за управување 3–12 месеци.
    • За непрописно запирање и паркирање казните се 25, 40, 150  и 180 евра односно зависи каде возилото е паркирано.

      МВР ги објави прекршоците и казните за „Безбеден град). (Фото: МВР)

    Ако казната се плати во рок од 8 дена тогаш се плаќа 50% од глобата. Ако лицето има забрана за управување на возило казната се изрекува во половина од пропишаниот рок.

    Системот ќе функционира со фиксни камери, кои ќе регистрираат брзина на движење, поминување на црвено светло и нерегистрирани возила, а ќе биде дополнет со специјализирани полициски возила опремени со уреди за снимање, кои ќе се движат низ градовите и ќе документираат непрописно паркирање и други прекршоци.

    Сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе можат да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци, за кои е пропишана и забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

     А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира