ФИЛИПЧЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА

    ФИЛИПЧЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦАМинистерот за здравство Филипче помина низ здравстените мерки на влезот во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за состанокот на Советот на безбедност. (Фото: Претседател на РСМ )

    Министерот за здравство Венко Филипче донесе наредба со која здравствените работници и соработници треба сите права и обврски во врска со нивниот работен однос да ги остваруваат во матичната здравствена установа или по потреба ќе бидат мобилизирани во друга здравствена установа.

    Наредбата на министерот за здравство стапува на сила денес, а нејзино непочитување повлекува одговорност, соопшти Министерството за здравство.

    Наредбата е дел од мерките за мобилизација, организација и распоред на работата и работното време, промена на работни места и услови на работа на здравствени установи и нивни вработени и на приватните здравствени работници во состав на мрежата на јавно здравствените установи, а во врска со користење на медицинско-техничката опрема и останати медицински средства во согласност со потребите и мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирусот.

    Филипче исто така донесе писмена наредба за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средноризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација (СЗО) на денот на кој патникот влегува во државата.

    „Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација секој државјанин на Северна Македонија ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин. Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација повлекува одговорност“, додаваат од министерството.

    На листата на високоризични земји се: Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Шпанија, Велика Британија, Франција и Германија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира