КАФАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 18 ЧАСОТ СО ПРЕПОЛОВЕН КАПАЦИТЕТ И ЗАБРАНА ЗА СИТЕ ЈАВНИ И ПРИВАТНИ СОБИРИ БЕЗ РАЗЛИКА НА БРОЈКА НА ПРИСУТНИ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ НОВИ МЕРКИ

    КАФАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 18 ЧАСОТ СО ПРЕПОЛОВЕН КАПАЦИТЕТ И ЗАБРАНА ЗА СИТЕ ЈАВНИ И ПРИВАТНИ СОБИРИ БЕЗ РАЗЛИКА НА БРОЈКА НА ПРИСУТНИ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ НОВИ МЕРКИМинистерот за здравство Венко Филипче за верските заедници рече дека мора да се придржуваат до мерките на владата. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче ќе препорача на денешната владина седница да се усвојат дополнителни мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

    Како што кажа Филипче на денешната прес-коференција, станува збор за забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на присутни, а за кафетериите и рестораните да се скрати работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости за да има дистанца меѓу нив. Тој кажа да се затворат и сите места кај што се собираат граѓани, како теретани, кина, театри и обложувалници.

    „Разговаравме вчера со колеги од Италија и ни беше посочено дека во северниот дел ширењето на вирусот престанало со воведување на најригорозните мерки, што ни укажува дека треба да бидеме порадикални“, изјави Филипче.

    За верските заедници рече дека мора да се придржуваат до мерките на владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира