ЌЕСАТА ЗА ПАЗАРЕЊЕ ОД СРЕДА ЌЕ ЧИНИ 15 ДЕНАРИ, ПОЧНУВА И ЗАБРАНАТА ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИКА ВО ЗАШТИТЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

    ЌЕСАТА ЗА ПАЗАРЕЊЕ ОД СРЕДА ЌЕ ЧИНИ 15 ДЕНАРИ, ПОЧНУВА И ЗАБРАНАТА ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАСТИКА ВО ЗАШТИТЕНИТЕ ПОДРАЧЈАДосега продавниците наплаќаа од 1 до 10 денари за ќеса за пазарење. (Фото: К. Попов)

    По 15 денари ќе чини ќеса за пазарење во маркетите и продавниците, од среда, 1 декември, согласно со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, продавниците наплаќаа од 1 до 10 денари за ќеса за пазарење. Исто така, од среда за првпат се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.

    На 4 октомври, откако Собранието ги усвои законите, премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини рекоа овие закони ќе овозможат конечно европеизирање на управувањето со отпадот, конечно ќе се реши овој горлив проблем кој се таложел со декади и ќе се прекине синџирот на лошо управување со отпадот.

    „Како Министерство и Влада, напорно работиме на инвестициите во остварување на функционалноста на регионалниот систем за управување со отпадот преку центрите за развој, обезбедување на собирни места и места за селекција, изградба на стандардизирана инфраструктура со трансфер станици и регионални депонии, како и чистење и затворање на сите нестандардизирани односно диви депонии и ѓубришта. Ова е нашиот пат за современо и европско управување со отпадот и здрава животна средина, и го поканувам приватниот сектор и граѓаните, да бидат наши партнери во остварувањето на оваа заедничка цел“, рече министерот Нуредини по најавата за новиот Закон.

    Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.

    „Постојат безброј алтернативи од природни материјали, и сметаме дека за почеток, барем во заштитените природни подрачја можеме да покажеме пример со еколошко пакување“, вели Нуредини.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира