ПОЛИЦИЈАТА БЕШЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО, ВЕДНАШ РЕАГИРАШЕ И ГО ПРИВЕДЕ ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕ, ВЕЛАТ ОД МВР ЗА ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ

    ПОЛИЦИЈАТА БЕШЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО, ВЕДНАШ РЕАГИРАШЕ И ГО ПРИВЕДЕ ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕ, ВЕЛАТ ОД МВР ЗА ИНЦИДЕНТОТ КАЈ ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГПриведениот Цуфи Кока беше дел од групата која околу 20 часот кај плоштадот Скендербег ги нападна со камења, шишиња и други тврди предмети демонстрантите кои маршираа од Влада до МНР кон Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје, велат од МВР по тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.

    „МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег. Напротив, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје. За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации“, соопштија од МВР.

    Мицкоски објави фотографија од вооружено лице, кое, според него, требало вечерва да го убие на демонстрациите против францускиот предлог.

    Лицето со пиштол во раката е дел од групата која околу 20 часот кај плоштадот Скендербег ги нападна со камења, шишиња и други тврди предмети демонстрантите кои маршираа од Влада до МНР кон Собранието.

    Станува збор за Цуфи Кока, активист на Алијанса за Албанците, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Брат му Зуди Енузи Кока е директор на „Комунална хигиена“, поставен од градоначалничката Данела Арсовска. По синоќешниот инцидент, од Град Скопје соопштија дека е разрешен.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира