Археолошкиот музеј на Северна Македонија од денеска почнува со проектот #МузејскаЕдукација за децата преку #Цртежи.
„Во овие денови на изолација за #СедиДома на децата им се потребни најразлични едукативни активности. Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи“, велат од Музејот.
Музејските предмети ќе ги објавувааат на нивниот профил на Фејсбук и на новиот Инстаграм профил arheoloshki_muzej. Секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот.
Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нивното едукативно катче. Зза возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба.