АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ОБЈАВИ ПОВИЦИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА ВО АРХИТЕКТУРА И ЗА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

    АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ ОБЈАВИ ПОВИЦИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА ВО АРХИТЕКТУРА И ЗА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛОАрхитектите: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи лани ја добија Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело за основното училиште „Киро Глигоров“. (Фото: Музеј на Град Скопје)

    Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) објави два повика за доделување на најпрестрижните архитектонски награди во земјава, Големата годишна награда за 2020 и за предлагање можни добитници на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“.

    Големата годишна награда на ААМ се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарска година, рокот за предавање е 14 декември, а од Асоцијацијата велат дека сите материјали треба електронски да се достават на [email protected]. Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградата петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.

    Лани наградата ја добија архитектите: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи за основното училиште „Киро Глигоров“.

    Наградата„Андреја Дамјанов“ е признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ. Поради коронакризата и оневозожувањето за извршување на тековните обврски во предвидените рокови, рокот за поднесување на предлозите е 20 дена од распишување на повикот. Предлозите се доставуваат исклучиво на [email protected]. Лани наградата ја доби архитектот Миодраг Митровиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира