АВСТРИСКИОТ ДИРИГЕНТ СОЛТЕС ПОЧИНА ОТКАКО КОЛАБИРАШЕ НА ОПЕРА ВО МИНХЕН

    АВСТРИСКИОТ ДИРИГЕНТ СОЛТЕС ПОЧИНА ОТКАКО КОЛАБИРАШЕ НА ОПЕРА ВО МИНХЕНШтефан Солтес работел во некои од најпрестижните европски оперски куќи и театри

    Австрискиот диригент Штефан Солтес почина вчера откако колабираше за време на изведба на опера во Националниот театар во Минхен. Седумдесет и тригодишниот маестро со унгарско потекло работел во некои од најпрестижните европски оперски куќи и театри во својата петдецениска кариера, како Виена, Грац, Хамбург, Берлин, Париз, Москва, Женева, Цирих и Рим.

    Солтес колабираше додека диригираше со операта ‘Тивка жена‘ на Рихард Штраус. Загубивме талентиран диригент и добар пријател“, изјави генералниот директор на Баварската државна опера, Серж Дорни.

    Причината за смртта на Солтес не е објавена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира