АВТОРИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО „КИРО ГЛИГОРОВ“ ЈА ДОБИЈА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

    АВТОРИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО „КИРО ГЛИГОРОВ“ ЈА ДОБИЈА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРАПретседателот Стево Пендаровски, архитектот Бесиан Мехмети со неговиот тим од студиото „БМА“ на синоќешното доделување на наградата (Фото: Музеј на Град Скопје)

    Архитектите: Бесиан Мехмети, Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи ја добија Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2019 година за основното училиште „Киро Глигоров“.

    Наградата ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.

    „Архитектите да не прават компромиси со диктатот на политиката. Најголемиот компромис што мора да го правиме е компромисот во полза на здравата животна средина и одржливоста кон природата, како и хуманиот простор и солидарноста кон луѓето“, рече претседателот на синоќешната свеченост во Музејот на Град Скопје.

    Новото училиште „Киро Глигоров“ во скопската населба Капиштец, почна со работа во септември. Триесет и петгодишниот Мехмети заедно со неговиот тим од студиото „БМА“, во 2013 година конкурираше на конкурсот на Општина Центар за избор на идејно решение на новото општинско училиште. Токму тоа што на конкурсот се барало современо изразување било причина да учествува на него.

    „Архитектонската сцена во тој период беше мизерна со проектот ‘Скопје 2014‘ во кулминација. Отворениот и јавен конкурс на Општина Центар, со слободата и поттикот на современо изразување, беше надеж не само за нас, туку и за други архитекти со кои комунициравме и се дружевме. Големиот интерес на испратени решенија го аргументира тоа. Впрочем, таа слобода и транспарентност, мислам дека се одрази и на нашата визија за училиштето“, рече Мехмети за САКАМДАКАЖАМ.МК во септември.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари