Скандирања, стоечки аплаузи и навивачки дух го следеше настапот на ансамблот „Бела чао“ на втората вечер на „Офф фест“, во полниот МНТ. Тие, го кренаа златниот МНТ на нозе со своите родољубиви и револуцинонерни песни, па со оригинални соло изведби на социјални и љубовни теми и приказни за миграција, и внесоа весел преродбенички дух во Скопје.
Отворија и затворија со огромни стоечки скандирања на песната по која е крстен составот, „Бела чао“, со партизини, социјалисти, комунисти, со револуција, со слобода, текст кој е планетрано познат кога се пее од отпорот кон која било непрвада.
Три грации певици, неколку харизматични музичари и шефот, симпатичниот хармоникаш на традиционален инструмент, Рикардо Теси, се членовите на составот кој е еден од оние кои ја шират традицијата на народната музика во Италија, која пак почнала да се реафирмира на фестивал токму со името „Бела чао“, во Солето во 1964 година. Публиката очекуваше уште познати италијански борбени песни, но во холот, непосредните изведувачи рекоа дека тие на репертоарот ја имаат разработено, и на новото време прилагодено песната која е народна, а е создадена меѓу 1950-тите и 1960-тите години. Во тој репертоар, создаден по Втората светска војна е познатата „Бела чао“. Тоа е светски познат рефрен на отпорот од каков било вид, но тоа е сепак народна песна создадена од берачките на ориз, а потоа е како мелодија со друг текст преработена па препознаена во светот како една од борбените перјаници против фашизмот и неправдите.
Публиката која ги исполни и сите галерии во МНТ, покрај за револуцијата беше дојдена за еден од своите омелини жанрови, фадо музиката која годинава ја претстави атрактивната Португалка, 33 годишната Жизела Жоао која рече: „Замислете си дека сум ви пријател и дојдена сум да ви раскажувам приказни за љубовта“.
Жоао е релативно нова, но голема пејачка на фадо музиката, омилен жанр овде, како што рече директорот Оливер Белопета, не само поради историјата на презентацијата, туку и поради блискоста во менталитетот. Во кус црн светликав фустан, Жизела од старт ја купи публиката кога на македонски кажа: „Фала што дојдовте да го слушнете моето пеење од срце“.
Пред секоја песна, таа ги преведуваше стиховите на англиски јазик, затоа што, како што рече, верува оти така фадо искуството ќе биде побогато и поубаво. Знам вели таа, дека луѓето мислат оти фадото е тажно, но, не е, фадото е интензивно. Како и да биде поинаку кога е музика за љубовта, за животот.
Жизела во Скопје донесе едно поинакво фадо, весело и игриво, за разлика од она кое го знаеме од Кармињо или Мариза, кои изминативе години настапија на “Офф- фест“.
Таа се собу боса, танцуваше на звуците од трите гитари на сцената, не тажеше само по изгубените љубови, по разделбите, туку пееше и за партнерите кои се враќаат во нашите животи, за детството, па дури и шеговита песна за средби со вонземјани.
„Ова е песна за маж кој си замина од мојот живот. Јас му порачувам: Секогаш ќе се сеќаваш на мене, и кога другите ќе те откачуваат, пак ќе ти текнува на мене, бидејќи јас секогаш ќе те бакнувам “, ја најави Жизела една од песните. Весела и харизматична, Жизела пееше до после полноќ, а по бисот, остана во фоајето на МНТ да се фотографира и да потпишува автограми за фановите.
„Офф фест“ продолжува вечерва, со пополноќен концерт што познавачите со радост го очекуваат, а е настапот на едно од најпознатите диџеј дуа „Ден сорте сколе“ од Данска, во „Станица 26“, а претходните два концерта во МКЦ, кои почнуваат од 20, 30 часот се настапите на естонската виолинистка и пејачка Марја Нут, со композиторот на електронска музика Хенрик Каљујарв, и корејскиот состав со необичен звук „Блек стринг“.