БЕРЛИНАЛЕ ОТВОРА СО ДРАМАТА „МОЈАТА ГОДИНА СО СЕЛИНЏЕР“ НА КАНАДСКИОТ РЕЖИСЕР ФАЛАРДО

    БЕРЛИНАЛЕ ОТВОРА СО ДРАМАТА „МОЈАТА ГОДИНА СО СЕЛИНЏЕР“ НА КАНАДСКИОТ РЕЖИСЕР ФАЛАРДОСигурни Вивер ја глуми Маргарет, книжевна агентка на легендарниот писател Џ. Д. Селинџер. (Фото: Берлинале)

    „Мојата година со Селинџер“ на канадскиот режисер Филип Фалардо ќе го отвори јубилејното 70. издание на Берлиналето на 20 февруари. Главните улоги ги играат Сигурни Вивер и Маргарет Кволи. Дејството се случува во 1990-те, во њујоршкиот книжевен круг, е базиран на светскиот бестселер на Џоана Ракоф. Приказната е за Џоана (Кволи) која сака да стане поетеса и ќе стане асистентка на Маргарет (Вивер), книжевна агентка на легендарниот писател Џ. Д. Селинџер, познат по повлеченоста од јавност.

    „Пресреќни сме дека ќе го отвориме 70. издание на фестивалот со приказна за созревање низ гледната точка на протагонистката, која има свежа перспектива, но не е така наивна. Фалардо го претставува книжевниот свет во Њујорк во 1990-те со хумор и симпатична нота, но тој никогаш не заборава дека живееме во 21. век или за обединувачката улога која ја има уметноста во нашите животи“, изјави уметничкиот директор на Берлиналето Карло Катријан.

    Фестивалот претходно објави дека оскаровката Хелен Мирен ќе добие почесна Златна мечка за животно дело, а дека претседател на жирито ќе биде британскиот оскаровец Џереми Ајронс.

    Македонија ќе биде дел од Берлинале со „Малмкрог“, новиот филм на еден од најреномираните романски режисери Кристи Пују во кој македонски копродуцент е „Сестри и брат Митевски“. „Малмкрог“, кој според Берлинале е наречен „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“, е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија.

    Еден од најпрестижните филмски фестивали ќе трае до 1 март.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира