БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ДОБИ 78.000 ЕВРА ЗА 4 ПРЕТСТАВИ, ЌЕ РЕЖИРААТ ЦВЕТАНОВСКИ, САБО, МИЦЕВСКИ И ПРОЈКОВСКИ

    БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ДОБИ 78.000 ЕВРА ЗА 4 ПРЕТСТАВИ, ЌЕ РЕЖИРААТ ЦВЕТАНОВСКИ, САБО, МИЦЕВСКИ И ПРОЈКОВСКИПрвата премиера ќе биде утревечер, Жиголо“ од Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. (Фото: НТБ)

    Со претставата „Жиголо“ од Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски, Народниот театар од Битола(НТБ) на 28 февруари (во 20ч), ќе ја има првата премиера за годинава, една од десетте кои оваа театарска куќа планира да ги постави во 2025. Четири од нив ќе бидат финансирани од Министерството за култура со 4,8 милиони денари (речиси 78.000 евра), а останатите шест со сопствени средства, дел во копродукција со независни сцени. Од 10 премиери, три ќе бидат праизведби, една детска претстава, две претстави кои се дел од програмата во основните и средните училишта.

    Министерството за култура и туризам годинава одлучи 18 национални установи да добијат делегиран буџет.

    Во Битолскиот театар, Министерството за култура ги финансира претставите „Црно семе“ po романот на Ташко Георгиевски (праизведба) во режија на Андреј Цветановски, „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“ од Хенрик Ибзен во режија Оливер Мицевски, „Магбет“ oд Вилијам Шекспир во режија Иштван К. Сабо од Унгарија, „Госпоѓа Бовари“ од Густав Флобер во режија на Дејан Пројковски. За 11. издание на „Битола Шекспир Фестивал“, Министерството им додели 800.000 денари, а од областа на меѓународна дејност 410.000 денари за гостување со претставата „Галеб“ на фестивал во Ереван, Ерменија.

    „Ќе биде голем предизвик 10 премиери во 10 месеци, сметајќи дека месец дена сме на колетивен одмор како институција. Но, сметам дека според екипата и капацитетот што ги поседува Народниот театар од Битола нема друга таква институција која може да го реализира сево ова. И секогаш ми доаѓа една реплика од една претстава ‘На отворено море’ од Благој Мицевски, каде зборувме за ‘Титаник’ гигантот меѓу бродовите. Ако направам паралала, Битолски театар е гинантот меѓу театарите“, рече директорот Васко Мавровски на денешната прес-конференција.

    Тој посочи дека во периодот јануари и февруари 2024, НТБ имал 14 изведби и 3.088 посетители, а во истиот период оваа година 20 изведби и 4.880 посетители.

    „Бројот на изведбите сме го зголемиле за 107 отсто, а посетеноста на публиката за цели 59 проценти’, рече Мавровски и додаде дека во февуари немало претстава со празно седиште.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира