БРИТАНЕЦОТ ИШИГУРО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    БРИТАНЕЦОТ ИШИГУРО ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАНе важеше за фаворит за наградата. - Казуо Ишигуро (Фото: Гардијан)

    Британскиот автор Казуо Ишигуро е добитникот на Нобеловата награда за литература за 2017 година, соопшти Шведската академија.

    Образложувајќи го изборот, академијата истакна дека романите на Ишигуро ги краси „голема емоционална сила и во нив ја разоткрива бездната под нашето илузорно чувство на поврзаност со светот“.

    Во конкуренција на Маргарет Етвуд, Нгуги Ва Тионго и Харуки Мураками, кои важеа за фаворити за годинашната награда, изборот на 62-годишниот Ишигуро доаѓа како мало изненадување.

    Тој досега има објавено осум книги, кои се преведени на повеќе од 40 јазици, а „Остатоците од денот“ и „Не ме пуштај никогаш“ беа адаптирани во успешни филмови. За „Остатоците од денот“ ја доби и престижната награда Букер.

    „Во прв момент кога слушнав помислив дека е измама. Ова е огромна чест за мене, особено затоа што влегувам во друштвото на најголемите писатели во историјата“, изјави Ишигуро, кој е роден во Нагасаки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира